Николовски: Се приклучувам кон борбата за еднаквоста на жените во агросекторот

Вести

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на жените – вработени во МЗШВ им даде цвеќе, по повод празникот 8 март.

-На денешниот ден ја одбележуваме борбата за социјална, економска и политичка моќ на жената. Се приклучувам кон борбата за еднаквоста на жените во агросекторот, женското лидерство и зајакнување на жените во земјоделството, истакна Николовски.

-Верувам во женската сила, енергија и посветеност за суштински прогресивни промени. Нека е честит 8-ми Март, заедно да создадеме услови и помогнеме на секоја жена да го реализира својот потенцијал, рече Николовски.

Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *