Николовски: Сигурен пласман за производите и стабилни откупни цени, се наш приоритет

Вести

Денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, беше меѓу земјоделците во Валандово.

-Преку директни средби со земјоделците, ќе креираме соодветни мерки и политики за земјоделството. Денеска во Валандово, разговарав со земјоделците кои на овој пазар ги продаваат своите производи, истакна Николовски.

Најважно за земјоделците од Валандово е да имаат сигурен пласман за производите и стабилни откупни цени.

-Ова се наши приоритети како Влада, за што МЗШВ презема низа активности преку мерките од ИПАРД 2 програмата, Програмата за рурален развој и проектите со меѓународните партнери од областа на земјоделството, рече Николовски.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *