Николовски: Системот за наводнување Лисиче 2, ќе обезбеди вода за околу 5.000 хектари земјоделска површина

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска беше на средба со жителите и пратениците од регионот, градоначалниците на Велес и Чашка, директорот на ЈПВ Лисиче и консултантот на германската KFW банка.  Тие разговараа за новата инвестиција за системот за наводнување „Лисиче 2“ и придобивките од него, за регионот.

-Системот за наводнување Лисиче 2, ќе обезбеди вода за наводнување на околу 5.000 хектари земјоделска површина, вода за производство на електрична енергија од три мали хидроелектрани и полнење на акумулацијата „Младост”, истакна Николовски.

Вкупната инвестиција изнесува 28,5 милиони евра, а ќе се финансира со помош на германската развојна банка.

Проектот е долгогодишно барање на граѓаните и од големо значење за регионот.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *