Николовски: Со дополнителни 800 милиони денари ја завршуваме фаза 1 од проектот за водоснабдување преку хидросистемот Злетовица, обезбедувајќи чиста вода за пиење за општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со раководителот на Управата за водостопанство, Исни Јакупи и градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов денеска извршија увид на распределениот цевководот кој води од изградената филтер станица директно до населените места, како и изградбата на пристапниот пат до изградената филтер станица. Заокружувајќи еден многу значаен проект за жителите на општина Карбинци и жителите на околните села.

Станува збор за значајна инвестиција вредна 60 милиони денари финансирана со средства на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која е дел од првата фаза на проектот за водоснабдување преку хидросистемот Злетовица. Проект преку кој се обезбедува чиста вода за пиење за општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово.

Преку оваа инвестиција која е од капитално значење го подобруваме квалитетот на живеење во општина Карбинци и осум околни села. После општина Штип и општина Карбинци добива квалитетна вода за пиење со модерна ултрафилтрација за прочистување.

„Вложувањето во капитални инвестиции за за изградба на нови и реконструкција на постојните водоснабдителсни системи е еден од петте столбови кои како приоритети ги имаме посавено за 2023 година. Затоа оттука сакам да ви најавам дека како министерство во водиме процесот за целосно комплетирање на овој исклучително важен проект за истокот, преку кој обезбедуваме водоснабдување за околу 80 илијади жители. Пред неполн месец на владина седница помина Информацијата со која обезбедивме дополнителни 800 милиони денари средства за комплетирање на Фаза1 од овој значаен проект. Овие обезбедени средства ќе бидат распределени во следните три буџетски години за целосно довршување на започнатите планирани активности, во рамки на потпрограмата 6А за хидросистемот Злетовица“ истакна во своето обраќање министерот Љупчо Николовски.

Од 2017 година до денес, се започнати и реализираат најголемите капителни инвестиции во водоснабдувањето, преку изградба на нови системи и реконструкција на постојните системи за водоснабдување.

Се реализираат клучни капитални проекти, како што се изградбата на Браната Конско која е во завршана фаза, потоа главен цевковод Равен Речица на кој интензивно се работи и очекуваме во брз временски рок негово финализирање. Посветено инвестираме во изградба на мрежи за наводнување важни за земјоделското производство.

Како министерство реализираме мерки и политики кои докажано даваат резултати, широко прифатени од страна на граѓаните и во интерес на граѓаните. Посветено работиме на нашата поставена цел за модерно и развиено македонско земјоделство по европски стандарди.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *