Од денеска започнува имплементацијата на твининг проектот „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства“ #ФАДН.
Проектот е во вредност од 800.000 евра и е финансиран од Инструментот за претпристапната помош ИПА, на Европската унија – ЕУ.
Основната цел на проектот е да даде прецизни економски и финансиски податоци за едно земјоделско стопанство, кои се важни за креирање на ефикасни земјоделски политики, за следење на трендовите, за одредени промени во земјоделскиот сектор во насока на поголеми приходи на земјоделските стопанства, од што придобивка ќе имаат самите земјоделци.