Обуки за сомелиери за вино и сирење

Вести

Обуките за сомелиери се спроведоа преку проектот „Cheese and wine and Tourism will shine” од програмата „Еразмус+“ кој освен обуки, предвидуваше и креирање дигитална платформа за вмрежување на туристички субјекти.

Стопанската комора за туризам обучувала сомелиери за сирење и вино, две години во соработка со Португалија, Шпанија и Бугарија, но овие кадри не можат да најдат работа во земјава. Ова го посочија од комората.

– Сомелиерите за вино се обучуваа во Мадрид, а оние за сирење во Порто. Сега тие знаат да дегустираат, да препознаваат и тоа да го спроведат во практика. Компетенциите што ги добија и сѐ што научија, можат да го пренесат во туристичките објекти. Но, во овој момент хотелиерите и угостителите не покажуваат доволно интерес за нив, иако имаат потреба од вакви профили. Увидовме дека им недостасуваат – изјави извршната директорка на Комората, Биљана Пејоска Ристеска пред почетокот на денешната тркалезна маса „Воведување иновативни образовни концепти на полето на одржлив туризам“.

Според неа, сомелиерите за сирење и вино стекнаа неформално образование. Практично, го доусовршиле своето досегашно знаење.

– Ова е дополнително за секој што сака да го усоврши своето знаење и што сака да се пронајде во својата струка, да стекне дополнителна квалификација која би му користела во кариерата, но и самостојно, да биде поконкурентен на пазарот на трудот – објасни Пејоска Ристеска.

Обуките за сомелиери се спроведоа преку проектот „Cheese and wine and Tourism will shine” од програмата „Еразмус+“ кој освен обуки, предвидуваше и креирање дигитална платформа за вмрежување на туристички субјекти.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *