Округла маса на тема „Здравјето на растенијата и пчелите како опрашувачи – можат ли заедно?“

Вести Пчеларство Совети

Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Трајан Димковски, учествуваше на настанот, Округла маса на тема „Здравјето на растенијата и пчелите како опрашувачи – можат ли заедно?“.

Целта е да се воспостави платформа за дискусија помеѓу пчелари, земјоделски производители на растителни земјоделски култури, производители и трговци со пестициди, екесперти и претставници на надлежните институции за улогата на пчелите како опрашувачи, трендовите за заштита на растенијата, како и потребата за заштита на опрашувачите од неконтролирана употреба на пестициди.
Растенијата ни обезбедуваат 80% од храната која ја јадеме и продуцираат 98% од кислородот кој го дишеме.

Стручната комисија целосно ги следи препораките за укинување или ограничување на употребата на одредени активни супстанци и истото се имплементира и кај нас во целост. На тој начин, потполно се усогласуваме со научните сознанија и трендовите на земјите од ЕУ.

“Современо Земјоделство”

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *