Опасност од поплави: Зголемено е нивото на езера и речиси сите реки во земјава

Вести

Прогнозите за нов влажен циклон најавуваат опасност од поплави. Водостоите на реките низ земјава се зголемени двојно повеќе од просекот за март. Експертите алармираат – состојбата будно да следи. Надлежните тврдат дека се на готовс.

„Од страна на Центарот за управување со кризи известени се сите надлежни институции, вклучително и  единиците на локална самоуправа. Се координираат активностите и континуирано ја следиме состојбата“, вели Надица Вчкова – Центар за управување со кризи.

Најкритично е крајбрежјето на Охрид, кое под вода беше и минатата недела. Нагорно отстапување бележат и Преспанското и Дојранското Езеро. Зголемени се нивоата и на Вардар, Сатеска и Треска. Хидролозите потенцираат дека неопходно е постојано да се следи водостојот на критичните точки,  каде е можно излевање на речните корита.

„За време на викендот освен што се очекуваат врнежи од дожд во сабота се очекува и јужен ветар на места и засилен кој повторно би можел да придонесе локални излевања на Охридското Езеро, на сите оние места кои се наоѓаат до неговото крајбрежје“, вели  Атанас Ургински – хидролог

Од Центарот за управување со кризи тврдат дека активно ја следат состојбата и дека нема простор за паника. Од Управата за хидрометеоролошки работи,  за викендов, прогнозират нов влажен бран, со засилени врнежи и ветрови со брзина поголема од 80 километри на час.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *