Откриени заразни ларви кај свињите во Србија

Вести Сточарство

Во подрачјето на Поморавскиот округ во Србија откриена е болеста трихинолоза во примероци месо од домашна свиња, јави Танјуг. Оваа година, ова е петти случај на трихинелоза кај домашни и диви свињи во регионот на Свилајнац.

Претходно, исто така во овој дел од Србија, заклана е свиња заболена од трихинолоза, но била купена од подрачјето на Браничевскиот округ. Првиот случај на оваа тешко заболување во Поморавскиот регион е откриен на 19 октомври, соопштија од Специјалистичкиот ветеринарен институт за Шумадија и Поморавје.

Трихинелите се ситни црви кои потсетуваат на влакно, а живеат исклучиво паразитски живот во цревата и мускулите на многу месојади и сештојади. Човекот може да се зарази ако јаде свинско месо во кое има ларви, а ветеринарите истакнуваат дека една свиња од 100 килограми може да инфицира 200 луѓе, па и повеќе, ако е голем  бројот на ларви во грам месо.

Извор на зараза е сушено, недоволно смрзнато (ларвите умираат на -37 степени), или недоволно печено месо, особено, шунка и кобасици.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *