Отстранување на непријатниот мирис кај ракијата

Вести Совети

Мирисот и вкусот на изгорена ракија може да се отстранат на два основни начини.

Како прво, ракијата може да се третира со употреба на активен јаглен, кој се додава на помала количина ракија (2-3 литри), а потоа се меша добро. Добиената мешавината ја налеваме во преостанатото количество на ракија и го оставаме 3-4 дена. За тоа време, јагленот потонува на дното на садот, додека бистриот дел од ракијата се точи. Сепак, со додавање на активен јаглен, исто така, освен непријатниот мирис, се отстрануваат и ароматичните супстанции. Покрај тоа, важно е да се знае дека на 30 литри ракија се додаваат од 30-50 грама активен јаглен, во зависност од интензитетот на самиот непријатен мирис.

Непријатниот мрис и вкус на изгорено, може да се отстранат и на друг начин, така што ракијата се меша со поголема количината на превриена комина од која е добиена ракијата (лозова, сливова итн.), која после одлежувањето од 2-3 дена, задолжително се дестилира. Покрај тоа, за да во иднина не би дошло до загорување, сливовата комина, претходно може да се разреди со вода. 

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *