Премиерот Оливер Спасовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска ќе присуствуваат на почетокот на градежните активности на системот за наводнување Славишко Поле, Општина Ранковце.
Општините Ранковце и Крива Паланка ќе добијат нов, современ систем за наводнување на Славишко Поле, кој ги опфаќа земјоделските површини почнувајќи од село Псача, Петралица и Гиновци, како и зафатот за пренасочување на Крива Река која ќе биде главен извор за вода во овој систем за наводнување.
Ова во февруари годинава го најави премиерот Оливер Спасовски, по посетата на Општина Ранковце.
Со новиот систем ќе се наводнуваат околу 200 хектари обработливо земјоделско земјиште и ќе биде достапен за 1.500 жители кои главно се занимаваат со земјоделство и сточарство.