Поголема финансиска поддршка во лозарството

Вести Винотека Лозарство

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и советничката за земјоделство, Ленче Николовска, вчера во Кавадарци и во Неготино, присуствуваа на одбележувањето на празникот на лозарите и винарите, Св. Трифун.

При посетата на Кавадарци, премиерот Заев и министерот Николовски  остварија средба со присутните граѓани на централниот плоштад во Кавадарци.

За време на посетата на Неготино, Премиерот Заев, министерот Николовски и градоначалникот Делков, остварија средба со присутните граѓани на градскиот плоштад. Премиерот Заев порача, дека со посебно внимание се решаваат проблемите на лозарите, дека се води грижа за навремено исплаќање на субвенциите и тоа дека во тек се и разговори со винариите и откупувачите за откупот на годинешната реколта.

„Среќен сум што можам да објавам, на стартот на сезоната, дека субвенциите се исплатени. Веќе почнавме разговори со винарниците и откупувачите за да може да обезбедиме колку може поповолна цена за производителите. Убеден сум дека со новите мерки што ги прави Владата, посебно за стимулирање на нови насади, отварањето на нови пласмани и со освојувањето нови пазари, цените на грозјето ќе растат. Сакам граѓаните да знаат дека Владата посветено работи во обезбедувањето на сигурниот пласман, но секако ќе бидеме и нивен партнер во преговорите за откупните цени“, изјави Претседателот на Владата на Република Македонија Заев.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николоски, ги информираше лозарите за новите мерки во програмата за поддршка на  земјоделството и руралниот развој.

„Оваа година со Програмата предвидуваме зголемување на субвенциите за сите лозари кои имаат помеѓу 1 и 10 хектари под лозови насади. Нашата интенција како политика ќе биде да ги стимулираме  да го модернизираат производството, и да даваме уште поголема поддршка на категоријата на земјоделци кои што навистина може да го донесат развојот. Новина во Програмата за 2018-та година е дополнителната финансиска поддршка од 12.000 по хектар за реконструиран лозов насад заради промена на сортна структура. Во Програмата за рурален развој се предвидени мерки за кофинасирање на трошоците за нови насади, каматни стапки, како и зголемена финансиска поддршка за саемските манифестации кои што се важни за промоција на македонските вина“, изјави министерот Николовски.

Во рамки на посетата  Премиерот Заев и министерот Николовски ги посетија  и винариите Тиквеш во Лепово, Неготино,  Попова Кула и винарницата Кралица Марија во Демир Капија, каде  учествуваа на хуманитарна акција,  традиционалното закројување на лозјето и дегустација на вина.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *