Пониски трошоци, поекономично и поконкурентно производство се бенефитите од консолидација на земјоделското земјиште

Вести

Пониски трошоци, поекономично и поконкурентно производство се бенефитите од консолидација на земјоделското земјиште. Поддршката од Европската унија и од ФАО за успешно спроведување на овој проект продолжува и во следниот период.

Ова беше истакнато на денешната средба на министерот Љупчо Николовски и експертскиот тим на ФАО.

На денешниот работен состанок, експертот за управување со земјиште и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации, Мортен Хартвигсен ја потврди и помошта од ФАО за ревизија на Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, кој во моментов е нефункционален.

-Со него исто така ги дефиниравме деталите за Програмската рамка на ФАО за Македонија, која ќе ја потпишеме следниот месец, истакна Николовски

Во програмската рамка се утврдени приоритетите за техничка поддршка во областа на земјоделството, руралниот развој и безбедноста на храна во периодот 2018-2020.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *