Поради изборите сменет распоредот за лов на терените во Каменичко

Вести

Поради локалните избори кои ќе се одржат во недела на 17 октомври, изменет е распоредот за лов на ловиштата во Македонска Каменица

Концесионерот на ловиштето „Вртиславци” во своето известување до членството информира дека неделава лов на дивеч ќе се врши во сабота.

-Ги известуваме сите колеги ловци дека поради претстојните локални избори кои се закажани за 17 октомври, недела, ден за лов ќе биде 16 октомври, сабота. Своите дневни дозволи ловџиите може да си ги подигнат како и вообичаено во петок од 9 до 12 часот во канцеларијата на друштвото, информираа од Ловното друштво „Каменица Саса”.

Оттаму додадоа дека за криволов ќе се смета секоја активност која што во недела на 17 октомври ќе биде забележана на ловиштето.

Посочија дека во меѓувреме од 11 октомври започната е сезоната за лов на зајак и ќе трае до 12 декември годинава. Претходно на 3 октомври започна сезоната за дива свиња која завршува заклучно со 31 јануари 2022 година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *