Потпишување договори за доделување државно земјоделско земјиште над три хектари

Вести Полјоделство

Во Владата денеска беа потпишани договорите за доделување над три хектари државно земјоделско земјиште под закуп.

 

На настанот по повод потпишувањето се обратија премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

-Ги потпишавме првите договори за инвестицискиот оглас за закуп на земјоделско земјиште, преку кој директно ќе се вложат 11 милиони евра за преработувачки капацитети од различни земјоделски гранки. Имаме рекордна заинтересираност за овој оглас, со него опфатени се вкупно 1.341 хектари површини, истакна Николовски.

Тој додаде дека со сериозни и храбри чекори се става целото земјоделско земјиште во функција и се придонесува за сигурен пласман на земјоделските производи.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *