Повратот на ДДВ почнува од први јули

Вести

Долго најавуваната мерка стартува од први јули, граѓаните ќе добиваат поврат на 15 отсто од платениот данок на додадена вредност. Преку нивните мобилни ќе се регистрира колкав промет тие направиле во маркетите и другите продажни места, врз основа на што ќе се пресметува колку пари ќе треба да им бидат вратени. Ова ќе важи за секој кој има над 15 години и важечка лична карта. Премиерот Заев откри дека синоќа до доцна со министерот Тевдовски и директорката на УЈП Лукаревска ги пеглале моделите на проектот. Системот, вели, ќе се базира на дигитализација и современи начини на наплата.

Ќе игра телефонот буквално, секој граѓанин лесно, кој има над 15 години, кој има право да има лична карта, да има своја трансакциска сметка, да биде регистриран во е-даноци, ќе биде учесник внатре. Дури и детенце помало од 15 години може тоа да го направи, но самата регистрација ќе мора да ја направи неговиот родител, или поголем брат или сестра што се над 15 години“, вели премиерот Зоран Заев.
Сумите на поврат ќе бидат лимитирани, за мерката да биде фер и да не се случи богатите кои најмногу трошат, да добијат назад и најмногу пари. Целта е на овој начин да се мотивираат граѓаните да купуваат само од дуќани што издаваат фискални сметки, така тие самите ќе станат даночни инспектори и ќе помогнат да се намали големата даночна евазија, која е раширена насекаде, особено во угостителството и градежнитвото.

За овој проблем неодамна алармираше и ММФ, велат дека државава сеуште не успева да наплати дури 15 до 25 проценти од приходите од ДДВ. Главна причина е слабиот капацитет на даночната администрација, која уште тешко го контролира неиздавањето на фискалните сметки. Проблемот е дури и поголем, признава премиерот.

Не е од 15 до 25 отсто, туку е 30 отсто, а можеби и повеќе. Тоа создава два вида на проблеми. Односно, од некоја една милијарда евра што годишно се собира од ДДВ, 30 отсто се 300 милиони евра загуба за државата, ама штетата е уште поголема затоа што тие што не го плаќаат ДДВ-то создаваат нелојална конкуренција и им наштетуваат на сите што се чесни плаќачи на даноците“, вели премиерот Заев.
Колку помала евазија, толку повеќе пари кај граѓаните, се очекува дека со оваа мерка годишно кај нив ќе се слеат меѓу 60 и 100 милиони евра, а ДДВ то кое е најголем полнач ќе и донесе повеќе приливи на државната каса.

За потрошена сума од 10 илјади денари, на пример, ќе се добие поврат од 230 денари. Кога пред изборите ја најави мерката Владата вети дека кај секое домаќинство годишно ќе се вратат до 500 евра.

Повратот најверојатно нема да важи за платените комунални сметки.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *