Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Вести

 

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 32 степени.

Според УХМР, во петок ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 километри на час) што ќе услови намалување на дневната температура. Од понеделник дневните температури ќе бидат во позначителен пораст.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *