Продолжен рокот за аплицирање за поврат на парите за камати на апликантите кои реализирале ИПАРД инвестиција

Вести Огласи

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го продолжи рокот за аплицирање за поврат на средствата за камати за реализирани инвестиции по ИПАРД Програмата со помош на кредити. Новиот краен рок за поднесување на барањата за поврат на каматната стапка е до 15- ти февруари.

Рокот се продолжува поради зголемениот интерес од страна на барателите кои во минатиот период, реализирале проекти од ИПАРД 1 и ИПАРД 2 Програмата со помош на кредит. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, истакна дека оваа можност може да ја искористат сите правни и физички лица кои по 25- ти декември 2016 – та година, користеле средства од Повикот за ИПАРД програмата, а за реализација на инвестицијата подигнале кредит. Таквите апликанти, според Бабовски, ќе може да добијат финансиска помош во висина од 50 до 75 отсто од каматната стапка на годишно ниво за период од 10 години. Помошта е наменета за кредити кои имаат годишна каматна стапка во висина до 8% на годишно ниво, кои се исклучиво пласирани од банки и штедилници со дозвола за работа од Народната банка на Република Македонија за период до 10 години и тоа за инвестиции кои се финансирани од инструментoт за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој од Европската унија (ИПАРД).

„Услов е и кредитот да не е повисок од 500.000 евра во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на Република Македонија, утврден на денот на склучувањето на договорот за кредит. Право на користење на финансиски помош ќе имаат корисници на финансиски средства од (ИПАРД), кои потпишале договор после завршување на последниот јавен повик за субвенционирање на каматна стапка, односно после 25.12.2016 година.“ – истакна Бабовски

Сите кои ги исполнуваат условите потребно е да креираат електронско барање по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk, за финансиска поддршка со соодветни податоци и да прикачат задолжителни електронски документи

• Договор за склучен кредит со банка или штедилница за инвестицијата финансирана од Инструментoт за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој од Европската унија
• Детален амортизационен план кој е прилог на договорот за кредит

Барањата кои ги исполниле условите за користење на средства за мерката 2 ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk .Барањата кои не се поднесени електронски нема да се разгледуваат.

Еден барател, може да поднесе само едно барање за една мерка, или најмногу две поединечни барања по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. Краен рок за аплицирање е до 15.02.2019 година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *