Продолжен рокот за аплицирање за субвенции за произведено и предадено млеко и за заклани несилки

Вести

По барање на фармерите, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го продолжи рокот за поднесување на барања за директни плаќања за произведено и предадено млеко, за период мај – септември 2019 година.

Дополнителен рок за поднесување на барања  за директни плаќања, имаат и одгледувачите на  амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети во период мај-септември 2019 година.

Новиот рок за доставување на барањата е 22- ри ноември 2019 – та година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *