Продолжува вакцинацијата во краварските фарми

Вести Сточарство

Продолжува вакцинацијата на говедата против болеста „јазлеста кожа“. Вакцинацијата ќе трае до 31-ви мај, а се спроведува согласно Годишната програма за здравствена заштита на животните од страна на овластените ветеринарни друштва.

Со 230.000 дози од вакцината, донација од Европската унија, опфатена ќе биде целата популација на говеда во земјава.

Болеста „јазлеста кожа“ засега е ставена под контрола благодарение на претходните имунизациски кампањи и нема нови заболени животни.

Последниот случај на оваа болест е евидентиран во јуни 2017-та година во Кривопаланечко.

Според Агенцијата за храна и ветеринарство, паралелно со вакцинацијата ќе се внесуваат и податоци за секое одгледувалиште одделно, со цел олеснување на постапката за контрола и исплата на субвенциите за сточарите.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *