Проект за наводнување на Јужната вардарска долина

Вести

Министерот Љупчо Николовски и директорот на германската кредитна банка „KfW“, за Косово и Македонија, Рене Ешеман, на вчерашниот состанок разговараа за подготовките за објавување на тендерската документација за изведба на градежните работи на системот за наводнување во Јужната вардарска долина, во делот на Валандово.

Беа разгледани сите подобрувања и можни пречки во реализацијата, со цел ефикасно спроведување на постапката, а потоа и изведба на работите.

Минатата година германската банка „KfW“, на #МЗШВ, му одобри дополнителни 4 милиони евра грант за реализација на втората фаза од Проектот за наводнување на Јужната вардарска долина, кој што е од исклучително значење за решавање на проблемот со наводнување во регионите кои ги опфаќа.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *