Пролетно режење на Аронијата

Вести Полјоделство Совети

По зимскиот период време е повторно да се вратите во овоштарникот како би извршиле пролетно режење.

Со режењето кај АРОНИЈАТА, жбуновите се подготвуваат за правилен раст и развој.

Доколку до сега НИКОГАШ не сте вршеле резидба сигурно се наоѓате во недоумица и прашања за тоа како правилно да извршите резидба.

СОВЕТИ ЗА РЕЗИДБА НА АРОНИЈА

РЕЗИДБА ЗА СОЗДАВАЊЕ НА ФОРМА Создавањето на форма преку резидба се изведува преку прекратување на жбунот 2-3 папки по садењето, најчесто на пролет.

Од втора до петта година се врши одстранување на едногодишните изданоци така да секоја година треба да се остават 3-5 бујни секоја година.

Така ќе се формира жбун со 12-20 изданоци на кои се присутни странични гранки и многу родни гранчиња.

За да се формира стебло треба да се задржи само една водилка која треба да се скрати на 40-60 см во височина.

Во првата година се дозволува развој на 2-3 странични изданоци,кои ќе го формираат првиот спрат на крошната. Во следните три години треба да се формираат и останатите спратови, така да секоја следна година се реже централната оска во височина од 40-50 см од претходниот спрат.
Во четвртата година ке добиеме стебло со 12-15 гранки. Резидбата на родност се врши од петата година а представува елиминација на непотребни изданоци во жбунот.
Изданоците постари од 6 години се заменуваат со побујните едногодишни. Крошната се проредува по истиот критериум.
Често кај Аронијата резидбата е ограничена само на изданоците кои се оштетени или блиску до земјата, како и на поединечни изданоци се со цел да се оддржи жбунот.

Може да се врши и подмладување на жбуновите (машински) со косилки кои режат до земја и така ке се изврши обновување на цели жбунови.

 

Автор: Иван Стојанов за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *