Во просторите на Министертвото за земјоделство, Шумарство и Водостопанство се одржа Национална почетна работилница од Регионалниот проект “Подобрена методологија за собирање податоци за одржливо управување со рибни ресурси во Западен Балкан”, со што и официјално започнуваат активностите предвидени во проектот во кој учествува и престваници од ФАО г-ѓа Ева Ковач и г-дин Џон Јоргенсен.
Овoj Регионален проект e поддржан од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО, во кој покрај Република Северна Македонија учествуваат и Република Албанија и Црна Гора.
Работилницата го отвори Државниот секретар г-дин Челику кој истакна дека “една од основните цели во областа на рибарството е овозможување на трајно користење на рибите преку одржлив развој. Целта на овој проект е своевидна помош на креаторите на политиката и на сите други засегнати страни во областа на рибарството за олеснување на одржливото користење на рибите преку разгледување на моменталните состојбите во областа на рибарството, проценка на постоечките практики, како и нивен понатамошен развој.”
Фактот што ресурсите од заедничките риболовни води се користат на различен начин, како и недостатокот на точни и унифицирани податоци и информации придонесуваат националните планови за користење на рибите да не го дадат очекуваниот резултат за одржливо користење на ресурсите. Покрај ова, големо е значењето и за документирање и зачувување на водната генетска биолошка разновидност во риболовот во националните риболовни води.
Со проектот се очекува да се воспостави соодветна методологија, да се овозможи добивање на стандардизирани и споредливи национални бази на податоци, кои натаму ќе може да се користат за изработка, усвојување и реализирање на национални и подрегионални планови за управување со ресурсите во согласност со пристапот базиран на одржливо рибарство. Со тоа, ќе се направи уште еден чекор натаму во прилагодувањето на европските барања за рибарството.