Санирање и прихранување на пчелите во март

Вести Пчеларство Совети
Прв детален пролетен преглед
Во овој период се практикува првиот пролетен преглед и делимичното одзимување на пчелните семејства да се изврши истовремено.
За оваа работа треба да се избере сончев, тивок и топол ден, кога температурата надвор од кошницата се движи околу 18˚С, а тоа се познава по големиот лет на пчелите од кошницата. Најдобро е оваа работа да се направи помеѓу 11 и 14 часот. Со прегледот истовремено се врши одзимување, чистење на кошницата и утврдување за состојбата во пчелното семејство.
Посебно внимание треба да се обрне на тоа дали е семејството здраво, дали има матица и со каков квалитет, јачина на семејството, колкави се количините за мед, дали сотовите се стари итн.
Санирање на пчелните семејства
Кога нема легло кај некои семејства, тоа значи дека нема матица, а ако има, тоа значи дека е онеспособена да несе јајца. Исто така, кога има малку легло и ако е прошарано на тој начин што во неколку ќелии има легло, а во повеќето нема и така наизменично, тоа значи дека матицата е во лоша состојба. Во таков случај потребно е, доколку се располага во резерва, да се додадат млади, здрави и плодни матици. Меѓутоа, ако немаме матица во резерва, и ако не можеме да ја набавиме, тогаш таквите семејства треба да се спојат. Односно да се додадат кај оние друштва каде што има млада, здрава и плодна патица. Оние семејства кои преку зимата многу ослабеле и во овој период имаат сосема малку пчели, треба исто така да се додадат на јаки семејства. Доколку се забележи дека некое семејство е болно, треба веднаш да се превземат потребните мерки, според видот на болеста.
Прихранување
За да се развијат пчелните семејства до главната паша и да можат да остварат висок принос на мед, треба да се превземат низа мерки во кои прихранувањето има посебно значење. Ова прихранување во март се врши задолжително, без оглед на тоа дали во кошницата има доволно резерви на храна или нема. Со додавање  100 до 200 грама шеќерен сируп по семејство, секоја вечер, се поттикнува матицата побрзо да положува јајца, а со тоа и семејството брзо да се развива. Ако има дополнителна потреба за храна може секоја трета вечер да се додаваат 400 до 800 грама шеќерен сируп во кошницата. Ако во кошницата има доволно мед, наместо стимулативно прихранување, може повремено, на секои 3 до 5 дена на рамките со мед да се отворат восочните поклопци со површина еднаква на површината на половина од човечката дланка.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *