Се објави огласот „Млад Земјоделец“

Вести Огласи

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во
земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09,
43/14, 193/15, 39/16 и 164/18), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот
развој го објавува следниот

Ј А В Е Н П О В И К б р . 0 5 / 2 0 1 8
за доставување на барања за користење на средства од Програмата за
финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година

I. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ
Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

Мерка 112 Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност до 600.000,00 денари прифатливи трошоци по поединечен корисник

II. КОРИСНИЦИ
Право на користење на средства имаат следните субјекти:

Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски
стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство,
согласно Закон за земјоделство и рурален развој

Мерка 112

III. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА
Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни
трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за
финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000,00
денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на
годишно ниво во најмногу три рати. Поддршката е условена со задолжително исполнување на
предвидените активности од Деловниот план за мерка 112.

IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk
Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по
различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка
на руралниот развој за 2018 година.

Крајниот рок за доставување на барањата е 19.10.2018 година.
Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

 

Јавен повик 19092018

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *