Се проширува гасоводната мрежа во Струмица

Вести

JПЕД „Струмица – Гас” интензивно работи на проширување на дистрибутивната гасоводна мрежа на пократки делници и изведба на нови приклучоци.

Според информацијата оттаму минатиот месец мрежата е проширена за околу 500 метри, а се реализирани и седум нови приклучоци кај домаќинствата и еден приклучок на компанија.

Додаваат дека во овој период дека се завршени градежните работи на котларницата во струмичката болница и се поставени котлите за гас, а се работи на поврзување со цевоводната мрежа.

Јавното претпријатие и овој месец врши проширување на дистрибутивната гасоводна мрежа и изведба на нови приклучоци на повеќе улици во градот.

Досега во Струмица е изградена гасоводна мрежа во должина од 42 километри.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *