СЛЕДУВА СТАБИЛНО, СУВО И СОНЧЕВО ВРЕМЕ – НАУТРО СТУДЕНО, ДОДЕКА ПРЕКУ ДЕН СЕ ПОТОПЛО

Вести

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Температурите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *