Повисоката царина што ја воведе Косово за македонските земјоделски производи целосно го стопира извозот од земјава таму. Според информациите од царинската управа вчера ниту еден камион не ја поминал границата. Дневно на оваа релација се извезувале до 300 тони, но сега извозот на земјоделски производи кон Косово е сведен на нула.
Земјоделците велат дека времената мерка ќе направи хаос во секторот. Производството кое било наменето за пазарот во косово ќе останат на нивите
Од министертвотот за земјоделство велат дека времената мерка на Косово е неразумна, нејасна и се коси со Цефта договорот. Од таму велат дека се прават сите потребни анализи. Се надеваат дека Приштина ќе ја повлече одлуката, во спротивно и Македонија ќе биде принудена да го заштити своето поризводство.
Косово пред неколку дена одлучи да донесе мерка со која за сите земјоделски производи кои се извезуваат до земјава таму да се плаќа за 30 отсто повисока царина од досегашната. Мерката ќе важи три месеци. За одлуката македонската влада не беше известена ниту другите земји членки на Цефта.
Најпогодени од оваа мерка се пиперката доматот, сливата. Вкупниот извоз во Косово лани бил 6 милиони евра, а досега изнесува 2,5 милиони евра. Македонија од Косово не увезува овошје и зеленчук.
Поради ваквата одлука на Приштина, Србија бара итен состанок со Македонија и БИХ.