Согласно Законот за ловство, забрането е палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиште

Вести

Согласно Законот за ловството забрането е палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиште.

За ваков вид прекршок се предвидени прекршочни одредби, и тоа глоба во износ од 6.000 до 8.000 евра ќе му се изрече за прекршок на концесионерот на дивечот во ловиштето или на друго правно лице, ако во ловиште пали стрништа, плевел или други растителни отпадоци.

 

Глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако пали стрниште, плевел или други растителни отпадоци во ловиште.

Согласно Законот за земјоделско земјиште, корисниците на земјоделското земјиште се должни да спроведуваат мерки за заштита од пожари согласно прописите за заштита од пожари. Се забранува палење на оган во посевите, во стрништата и во нивна близина.

За заштита на земјоделското земјиште од загадување и заразување, соодветно се применуваат прописите за заштита и унапредување на животната средина и природата, а во однос на одговорноста и надоместот на штета предизвикана од загаденоста и заразеноста на почвата, водата и воздухот и од пожари се применуваат општите прописи за одговорност и надоместокот на штета.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *