Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност

Вести

Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 37 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје, претежно сончево со умерен, попладне повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и топло време со просечни температури за овој период од годината. До сабота ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, известуваат од УХМР.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *