СООПШТЕНИЕ ЗА ДЕЗИНСЕКЦИЈА

Вести
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на Одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна системска дезинсекција на територијата на Битола како општа против епидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола го издава следново соопштение:
• Во период од 06.06.2022 (понеделник) до 10.06.2022 (петок), во период од 19:00 – 02:00 часот, екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ПРВАТА ФАЗА од АДУЛТИЦИДНАТА теристичка (од земја) дезинсекција, со цел уништување на возрасни форми на комарци.
• Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градско подрачје и периферијата на градот, предвидени со Оперативниот план и Програма доставена до Општина Битола.
• Третирањето ќе се изведува во вечерните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап – возило, на кое ќе му претходи друго возило означено со ротационо светло.
• Препарати кои ќе се користат: AQUA K – OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.
• Со цел избегнување на евентуални несакани последици се информира населението преку писмено доставени информации за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ – Битола до медиумите, здруженија на пчелари, локална самоуправа и останати надлежни институции.
• Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
• За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047/208-100 и 047/208-120.
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *