Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски истакна за кои производи од Македонија, Србија поставува царински и даночни бариери за извоз.
– Проблемот е со оризот. Се прават анализи кои се чекат да стасаат дури 15 денови. Се прават во Ниш и на нив предолго се чека. Проблем е со извозот на водата и алкохолните пијалоци. Имаат нов правилник со кој се зголемува ПХ вредноста за месните производи. Ние ги нотиравме овие проблеми заеднички со Стопанската комора и Комитетот ќе има задача на првиот состанок да направи листа од двете страни за отстранување на сите бариери и одолговлекувањето на постапките, изјави министерот Николовски.
Тој додаде дека на долг рок ќе се отвори прашањето на взаемно признавање на сертификати и на други активности кои треба да значат кратење на постапките и процедурите и забрзување на протокот на стоки меѓу двете држави.
М-р Билјана Петровиќ