Средба Николовски – Дух: Ја зајакнуваме соработката меѓу Македонија и Словенија во делот на виното, младите и дигитализацијата

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски вчера оствари работна средба со министерката за дигитална трансофрмација на Република Словенија, Емилија Стојменова Дух.

На средбата двајцата министри разговараа за дигитализација на македонскиот земјоделскиот сектор и примена на најсовремените технолошки решенија во областа на земјоделството, по примерот на Република Словенија.

Министерката Стојменова Дух изрази подготвеност директно да ги сподели позитивните резултати од успешни проекти за дигитализација на земјоделството во Словенија, упатувајќи покана до министерот Николовски за посета на успешни млади иновативни фармери.

„Чест ми е што имаме продуктивна, но пред се пријателска средба на која разговараме за дигитализацијата на земјоделскиот сектор кај нас, по пример на Словенија, како и на можноста директно од успешните примери на младите иновативни фармери во Словенија да го црпиме тоа искуство“, истакна на средбата министерот Љупчо Николовски.

Двајцата министри изразија подготвеност за зајакнување на соработката меѓу двете држави во делот на виното, младите и дигитализацијата.

Република Словенија е наша земја пријател и безрезервен поддржувач на европскиот пат. Нашето традиционално пријателство и партнерство во сите области го развиваме и продолжуваме.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *