СРЕЌЕН ДЕН НА ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА!!!

Вести
Можно е да е слика од 3 луѓе и луѓе што стојат
На овој ден, го потенцирам значењето на работата на шумските полицајци и максималните напори кои ги вложуваат во борбата за сузбивање на бесправната сеча на дрва и зачувување на шумите и шумскиот биодиверзитет.
Можно е да е слика од надвор и дрво
Се борат против организирани криминални групи на дрвокрадци кои ги пустошат шумите, а штетите кои тие ги прават не се мерат преку изречените казни, затоа што секое исечено дрво, влијае на многу генерации после нас.
Убеден сум дека тие ќе продолжат да ги чуваат нашите шуми, со што прават едно поголемо добро за сите нас и за сите идни генерации. А ние како Влада и надлежно Министертсво ќе продолжиме да го јакнеме овој сектор кој е од исклучително значење за контролите на дивата сеча и за зачувување на природните ресурси.
Можно е да е слика од 2 луѓе и луѓе што стојат
По 12 години Шумската полиција оваа година доби нови униформи и чизми. Го потпишавме Колективниот договор со кој се уредуваат статусот, правата, обврските и одговорностите на вработените во Шумската полиција и за првпат го регулиравме правото за добивање додаток на плата од 30 %.
Можно е да е слика од надвор
Убеден сум дека сето ова дополнително ќе ги мотивира шумските полицајци кои континуирано се на висина на задачата. Се гордеам и благодарен сум и на нивниот придонес во гаснењето на шумските пожари кои избувнаа ова лето.
Со сета моја почит, ви го честитам Денот на шумската полиција!
Фејсбук статус на министерот Арјанит Хоџа
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *