Супермаркетите во Азија наместо пластична амбалажа користат листови од банана

Вести

Супермаркетите во Виетнам ја прифатија иницијативата на Тајланд за употреба на листови од банана наместо пластика. Супермаркетите Rimping во Чиангмаи, Тајланд, на Facebook добија безброј пофалби за нивната идеја за еколошката амбалажа откако една локална компанија ја објави веста на нивната страница на социјалната мрежа. Оваа нова идеја наиде на одобрување од онлајн корисниците и набрзо ја прифатија и виетнамските супермаркети.



Големите синџири супермаркети во Виетнам како што се Lotte Mart, Saigon Co.op и Big C. сите почнаа да го следат приемрот на талјандските супермаркети и да експериментираат со листови од банана како алтернативна амбалажа во нивните продавници. Тие уште се во фаза на тестирање, но наскоро планираат да ја заменат пластиката со листовите од банана на национално ниво.
Освен како амбалажа за овошје и зеленчук, синџирите сакаат да ги користат листовите и за пакување на свежото месо. Според медиумите, оваа еколошка амбалажа е само уште една во низата иницијативи кои ги презема Виетнам за намалување на пластичниот отпад. Супермаркетите Big C, на пример, веќе користат биоразгралдиви кеси направени од пченкарен скроб. Виетнам е рангиран на четврто место во светот по количината пластичен отпад која ја фрлаат во океанот.

Неодамна и Јужна Кореја ја забрани употребата на пластични кеси за еднократна употреба и од маркетите и од другите комерцијални објекти побара да набават амбалажа која се рециклира. Супермаркетите во Сингапур исто така лансираа кампањи за информирање на јавноста за потребата да се рециклира пластиката за ендократна употреба. Тајванските продавници, пак, почнаа да ги наплаќаат кестие за еднократна употреба за да ги одвратат луѓето од нив. Кина забележа пад од 66% на употребата на пластични кеси во изминатата деценија откако за забрани употребата на ултратенки пластични кеси во 2008 година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *