Свечен почеток на жетвата во ЗК Пелагонија Битола

Вести
Нека биде бериќетна жетва, на сите житни полиња кај нас и во светот!
Со големо задоволство, денеска учествував на свечениот почеток на жетвата на житните полиња на ЗК Пелагонија-рече министерот за  земјоделие ,шумарство и  водостопанство Арјанит Хоџа
Нема поголема радост за земјоделецот, од онаа кога ги жнее плодовите од својот труд. А особено, кога годината е родна и жетвата е богата, па е најдобра награда за вложениот труд. Целиот труд, посветеното време и љубовта со која полјоделците ги обдаруваат своите житни полиња, се враќаат назад кон нив и тоа како благослов, преку жетвата.
Во климатски услови какви што имаме ние, а особено Пелагонија, нашата најголема житница, житните култури одлично успеваат.
За тоа зборуваат податоците од подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, според кои обработливата површина под пченица во 2021 година изнесува околу 79.000 хектари, што е зголемување за околу 7% во однос на 2020 година.
Оваа година, очекуваме просечен принос од околу 3.200 до 3.500 кг/ха или вкупно околу 260 000 тони пченица.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *