По повод Светскиот ден на млекото, чест ми е да присуствувам на настан во најголемата реномирана водечка компанија во индустријата на млекото,
#БИМИЛК.Како министерство даваме силна поддршка во сточарството.

Оваа година за прв пат воведовме дополнителна субвенција за квалитет на млеко.

Воведовме и интервентна субвенција во износ од 5,5 денари за кравјо млеко произведено и предадено во преработувачки капацитети.

Во април исплативме 112 милиони денари субвенции на 5.664 млекопроизводители. Наскоро со ребалансот на Буџетот ќе бидат исплатени и субвенциите за 2021 година.

Дополнително, 2022 година е година на историски највисока набавка на високопедигрурани грла добиток со висок генетски потенцијал. Ова е голем успех за сите нас, сточниот фонд ќе се обнови со високомлечни раси.
Со тоа ќе имаме зголемено производство на млеко. А токму тоа е целта! Да ги надминеме сите предизвици, да даваме силна поддршка на земјоделците, сточарите и да носиме мерки во интерес на сите, на целокупната млечна индустрија.
Фејзбук статус на Министерот Николовски