АХВ: 5 чекори до побезбедна храна

Мијте ги рацете пред земање на храната и во текот на нејзината подготовка. Мијте ги рацете после одење во тоалет. Одржувајте ги чисти сите површини и опремата која ја користите за подготовка на храната. Заштитете го просторот на кујната и самата храна од инсекти, штетници и други животни.

Share
Прочитај повеќе

Препораки од АХВ за консумирање на безбедна храна и за заштита на животните во услови на високи температури

За да се спречи појава на труење со храна, неопходно е да се направи правилен избор при нејзина набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување. Да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување, да се купува храна од проверени места каде има услови и каде производите, особено лесно расипливите од животинско потекло се чуваат во разладни уреди.

Share
Прочитај повеќе

АХВ дел од глобалното одбележување на 7-ми јуни – светски ден на безбедната храна

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како одговорна институција за безбеднoста на храната, се приклучува кон кампањата на Организацијата на Обединетите Нации која почнувајќи од оваа година, 7 Јуни ќе го одбележува како Светски ден на безбедната храна. АХВ ќе биде дел од глобалното, прво одбележување на овој ден, за кој Генералното собрание на Обединетите Нации, во декември минатата година усвои резолуција со која 7 Јуни го прогласи за Светски ден на безбедната храна.

Share
Прочитај повеќе

Безбедна храна за животни

Храната за животни органолептички треба да биде таква што нејзините природни својства (конзистенција, изглед, боја, мирис и вкус) не се променети и количествата хранливи состојки вградени во храната за животни вклучувајќи ги и адитивите треба да одговараат на потребите на одделни видови и категории на животни.

Share
Прочитај повеќе

Јадете безбедна храна и во услови на високи температури

Труењето со храна е особено честа појава во летните месеци, бидејќи високите температури придонесуваат за полесно и побрзо развивање на микроорганизмите во храната. Од друга страна пак, луѓето во текот на летото повеќе консумираат ладна и сирова храна како што се: сладоледи, салати, брза храна (сендвичи) и сл.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Обезбедувањето на безбедна и квалитетна храна, е наша стратешка цел

„Обезбедувањето на безбедна и квалитетна храна, е наша стратешка цел, пред се во насока на осигурување на заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата, а секако и кон исполнување на европските стандарди, за поголема присутност на македонски земјоделски производи на европските и меѓународните пазари. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работи на исполнување на сите предуслови за успешен почеток на преговорите со Европската унија, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе