Безбедна храна за животни

Вести Совети Сточарство

Под безбедност на храна за животни се подразбира безбедноста во однос на органолептичките особини, квантитативниот и квалитативниот состав, микробиолошката исправност и безбедноста во однос на присуството на непожелните супстанции и производи.

Храната за животни органолептички треба да биде таква што нејзините природни својства (конзистенција, изглед, боја, мирис и вкус) не се променети и количествата хранливи состојки вградени во храната за животни вклучувајќи ги и адитивите треба да одговараат на потребите на одделни видови и категории на животни и да немаат негативно влијание на здравјето на животните односно да не го загрозуваат здравјето на луѓето и животната средина.

Храната за животни и сировините за производство на храна за животни се безбедни доколку:
– Не содржат хормони, седативи, тиреостатици и антибиотици и други фармаколошки активни супстанции и супстанции кои не се дозволени за употреба во исхраната на животните;
– Не содржат неоргански материи над максимално дозволените количества;
– Показателите на хемиското разлагање не се над максимално дозволените вредности;
– Не содржат патогени микроорганизми на максимално дозволениот број;
– Не содржат токсини на токсигени бактерии (Clostridum botulinum, Clostridum perfrinegens и Staphylococcus piogenes) во 1 грам;
– Не содржат токсини и токсигени габички над максималниот дозволен број;
– Не содржат отровни растенија и паразитски габички на максимално дозволените
количества;
– Не содржи адитиви за храна за животни, освен адитивите кои имаат поволни ефекти и
и даваат поволни карактеристики на храната за животни;
– Не е органолептички изменета, односно, природните својства (конзистенција, изглед,
боја, мирис и вкус) поради физички, хемиски, микробиолошки или други процеси им се
изменети и не се повеќе соодветни за исхрана на животните;
– Не се механички загадени со примеси кои може да бидат шететни по здравствената
состојба на животните;
– Се со соодветен квалитативен и квантитативен состав кој ја одредува биолошката
вредност, искористливост и употребливост на храната за животни односно ги содржи составните делови што се определени со прописите за квалитет и со декларацијата на производителот;
– Се со соодветна декларација;

 

 

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *