За заштита од Африканска чума кај свињите, европската агенција за безбедност на храна со кампања во нови земји

Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) ги засилува своите напори да го запре ширењето на африканската чума кај свињите во Европа со проширување на својата кампања во уште девет земји.

Share
Прочитај повеќе

Вебинар во организација на ФАО и СЗО на тема Безбедност на храна во контекст на одржливи системи за храна: „Moving Forward for a Healthy Tomorrow in Europe and Central Asia“

Еволуцијата во контекст на производството, трговијата и консумацијата на храна го предизвикуваат начинот на управување со ризиците по однос на безбедноста на храната и достапноста на безбедна храна за сите.

Share
Прочитај повеќе

За две години, од презадолжена, АХВ прерасна во солвентна институција

Од задолжена институција со натрупани повеќегодишни финансиски долгови кои до јуни 2017 година достигнаа 498 милиони денари или околу 8,1 милиони евра, кон сточарите, ветеринарните друштва, лабораториите и другите испорачатели на услуги и состојба пред колапс на целокупниот систем за контрола на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), само за две години, прерасна во финансиски солвентна институција која редовно и навремено ги исплаќа обврските. Со тимска работа, одговорно и посветено, за две години од промената на менаџерскиот тим на Агенцијата, постигнат е евидентен напредок во работењето во сите сектори.

Share
Прочитај повеќе

Ќе се унапредува соработката и со косовската Агенција за храна и ветеринарство

Интензивирање и унапредување на соработката  во делот на безбедноста на храната, храната за животни и здравствената заштита на животните, договори на работниот состанок директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов со претставници на Агенција за храна и ветеринарство на Република Косово. На состанокот, презентирана беше актуелната состојба со болестите кај животните во регионот, а разменети беа и искуства во насока на олеснување и интензивирање на увозот и извозот меѓу двете земји.

Share
Прочитај повеќе

АХВ ги засили инспекциските контроли пред Велигден

Во пресрет на велигденските празници и зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат засилени контроли кај операторите со храна во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на храна. Со контролите се опфатени маркетите, угостителските објекти, специјализираните продавници за јајца, како и месарниците и зелените пазари. Ќе се проверува дали и колку операторите со храна ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на храната кои се однесуваат на нејзино чување, одржување на ладниот ланец во транспортот и прометот, како и тоа дали означувањето на храната е во согласност со одредбите од Законот за безбедност на храната и Правилникот за информации поврзани со храната.

Share
Прочитај повеќе

Активно се работи на подготовка на првото законско решение за донирање на храна

Креирањето на одржлива програма за поддршка на ранливите категории граѓани, преку донирање на храна од страна на бизнис операторите, во кој активно ќе бидат вклучени невладиниот сектор и државата, за што постои целосна поддршка од Владата, според заменик директорот Мемед, треба да биде во насока на создавање и обезбедување на целосна следливост на храната која ќе се донира и гарантирање на нејзината безбедност за крајните потрошувачи.

Share
Прочитај повеќе