Дабјани – втора успешна консолидација на земјоделско земјиште во државата

Бројот на земјишни парцели во Дабјани е намален за речиси пет пати – од 602 на 127 парцели. Новоформираните парцели се со правилна форма, со просечна големина од 5,84 ха, споредено со само 1,23 ха пред консолидацијата на земјиштето и како такви овозможуваат поефикасни земјоделски практики.

Share
Прочитај повеќе

Повик за учество на Tендер за извршување на Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Северна Македонија, Фаза. II – Планирање на распределба на земјиште во Дабјани

На тендерот можат да учествуваат овластени геодетски компании кои се регистрирани во Регистарот на вршители на работи во функција на консолидација на земјиште при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, во согласност со член 9-а од Законот за консолидација на земјоделско земјиште.

Share
Прочитај повеќе

Повик за учество на Tендер за извршување на Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Република Северна Македонија, Фаза I – Физибилити студии за Лешани, Кожле и Дабјани

Во рамки на проектот финансиран од Европската унија “Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД), спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавен е јавен тендер (Референтен број: 2019/CSAPC/REUDD/104003) за извршување на “Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Република Северна Македонија Фаза I – Физибилити студии за Лешани, Кожле и Дабјани”. 

Share
Прочитај повеќе