Доход од продажба на сопствени земјоделски производи

Обврзникот кој во текот на календарската година остварил доход од продажба на сопствени земјоделски производи (на откупувачи и на други физички лица надвор од продажни места на зелени пазари) кој не го надминал износот од 1.000.000 денари има право на враќање на платениот данок за остварениот доход од продажба на сопствени земјоделски производи.

Share
Прочитај повеќе

Од 1 јули стартува мерката „Мој ДДВ“ за враќање 15% од ДДВ на граѓаните

Максималниот износ на поврат за едно лице ќе изнесува 1800 денари за три месеци. 98% од домаќинствата ќе можат да направат поврат на ДДВ на нивната вкупна потрошувачка, а за оние најбогатите 2% ќе има лимит“, информираше министерот за финансии Драган Тевдовски, и додаде дека оваа придобивка е обезбедена за сите граѓани, и дека заради правичност, за да не се случи повратот да оди главно кај најбогатите граѓани, поставени се лимити кои оневозможуваат поврат на дел од ДДВ-то од сметка над 30 000 денари. 

Share
Прочитај повеќе

Најбогатиот земјоделец во Македонија лани остварил приход од 100.000 евра

Од продажба на сопствени земјоделски производи во 2017 година во износ од 5.726.269 пријавил граѓанин од Скопје, беше истакнато на прес-конференција на директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Share
Прочитај повеќе

Публикација за оданочувањето на доходот од продажба на сопствени земјоделски производи

Преку брошурата граѓаните ќе дознаат повеќе за тоа: што се подразбира под доход од продажба на сопствени земјоделски производи; кој е обврзник на данокот на доход; како да се пријави доходот од продажба на сопствени земјоделски производи; како УЈП ја утврдува даночната основа за пресметка на данокот за доходот од продажба на сопствени земјоделски производи; кога треба да се плати данокот и кои други обврски ги имаат даночните обврзници.

Share
Прочитај повеќе

Косово заштити со закон 21 земјоделски производ, 30 отсто повисока цена за увезените

– Проценката понуди доволна основа за определбата дека продуктите кои се испитуваат, се увезуваат во Република Косово во толку големи количини и во услови кои се закануваат да им нанесат сериозна штета на производителите на овошје и зеленчук во земјата, или да предизвикаат нерегуларности, кои можат да ја влошат економската состојба на производителите на овошје и зеленчук во Република Косово, се вели во соопштението на Министерството за трговија и индустрија.

Share
Прочитај повеќе

Се поедноставуваат даночните постапки за земјоделците

Се намалува прагот за регистрација на земјоделците од сегашните 1.300.001 денар на еден милион денари, а поврат на персонален данок ќе се врши за остварени приходи од земјоделска дејност до еден милион денари. 
Услов е земјоделците да немаат остварено други приходи во текот на годината и да немаат даночен долг кон Управата за јавни приходи.

Share
Прочитај повеќе