Вратени 17 тони македонски домат наменет за руски пазар

Руската земјоделска инспекција, при извршена контрола на увезените производи, утврдила присуство на т.н. јужноамерикански доматен молец. Руската федерација веднаш ја вратила пратката во Македонија, со цел да спречи натамошно ширење на овие штетници во нивната земја.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ ја следи состојбата со откупната цена на доматите

,, Доколку се увиди дека земјоделците остваруваат загуби од производната и продажната цена, министерството може да излезе со дополнителни мерки за производителите на раниот домат. Во следните денови очекуваме подобрување на состојбата со откупот бидејќи имаме најави за извоз на рускиот и на украинскиот пазар“,  информираат од МЗШВ.

Share
Прочитај повеќе

Доматите и краставиците од Струмичко се извезуваат во Бугарија, Романија, Украина и поранешните југословенски републики

– Долгата краставица се откупува за 40 денари, доматите 60, пролетната зелка 20 и пиперките за 60 денари за килограм. Бугарите и Романците земаат зелка и домати, исто така и Украина. Помали количини од домати и краставици се извезуваат на просторот на поранешните југословенски републики. За лутата пиперка најмногу побарување има во Србија, каде досега е пласирано 90 отсто од прозводството, информира Блажо Витанов, трговец од Струмица.

Share
Прочитај повеќе

АХВ: Во Македонија нема небезбедни домати од Турција

Во Македонија нема увезeни турски домати кои не се безбедни за употреба тврдат од АХВ. Ова следува откако по српските медиуми експресно се прошири веста дека на белградските тезги има отровни домати од Турција.

Share
Прочитај повеќе