Илиевски: ПЕ МЗШВ Битола работи во интерес на потребите на земјоделците

ПЕ МЗШВ Битола работи во интерес на Вашите потреби. Секој работен ден од 8 : 30 до 13 : 30ч. во просториите на подрачната единица или на pe.bitola@mzsv.gov.mk тел. 047/237-419 можете да се информирате кои се условите на движење за време на полицискиот час за потребите на Вашите земјоделски активности.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Земјоделците ќе можат да ги извршуваат своите работни активности на земјоделските површини и фарми кои се наоѓаат во атарот на своето село, останатите ќе треба да вадат дозвола за движење

Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површинии на фармите, а кои се наоѓаат во атарот на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

Share
Прочитај повеќе

ФАО: План за борба да се осигура глобално снабдување со храна за време на кризата COVID-19

Привремени готовински средства за помош на сиромашните земјоделци се неопходни, како и грантови за рестартирање на производството. Банките можат да се откажат од надоместоците за заеми на земјоделците и да ги продолжат роковите за отплата; може да се вбризга капитал во земјоделскиот сектор за да им помогне на малите и средни агробизниси – и нивната работна сила – да останат во живот.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Земјоделците да ги почитуваат препораките на Владата за коронавирусот, се следи состојбата со извозот на јагниња, целата прехранбена индустрија е мобилизирана и нема простор за паника

-Се наоѓаме во вонредна состојба, но тоа не значи дека треба да сопрат земјоделските активности и работата на министерството и другите надлежни институции во делот на сервисирање на услугите кон земјоделците. Платежната агенција и во овој период како и досега, продолжува со редовна исплата на субвенции, истакна Димковски.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Воведовме механизам за навремена и неселективна исплата на субвенциите за земјоделците

Согласно планот, и во следниот период, Агенцијата ќе продолжи со исплатата на субвенциите од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2019-та година согласно календарот за исплата. Годината што измина заврши со реализација на исплата од 99 отсто на субвенциите по Програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Техничката Влада нема да ја закочи исплатата на субвенциите

Димковски потенцираше дека во овие две и пол години се зголемија субвенциите, се воведоа развојни мерки, и се направи ревизија на државното земјоделско земјиште.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Поддршката за земјоделците продолжува и во новата 2020 година

Формирањето  на техничката Влада нема да го закочи спроведувањето на мерките коишто се планирани со тековните годишни Програми. Поддршката за земјоделците ќе продолжи и во новата 2020-та година.

Share
Прочитај повеќе

Досега исплатени над 76,7 милиони денари за поврат на персонален данок на доход за земјоделците

Исплатата е реализирана кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки. Земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на персонален данок од доход,  а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус рок во најблиските подрачни единици на Управата за јавни проходи.

Share
Прочитај повеќе

Од утре почнува повратот на персоналниот данок за земјоделците, ќе се исплатат 80 милиони денари на 17.000 земјоделци

„Персоналниот данок ќе им биде вратен на сите оние земјоделци на кои земјоделството им е основна дејност, и коишто оствариле приходи од продажба на земјоделски производи до 1 милион денари. Оваа исплата е за приходите остварени до крајот на 2018 година. Овие пари ги враќаме директно кај земјоделците, што во текот на 2018 година оствариле приходи од продажба на земјоделски производи до 1 милион денари, како дополнителен приход, за да ги реинвестираат и да го зголемат производството“, изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

До нова година поврат на персоналниот данок во земјоделството

Околу 17.000 земјоделци до 31 декември годинава ќе добијат поврат на персоналниот данок за остварениот приход во 2018 година исклучиво од продажба на примарно производство.

Share
Прочитај повеќе