Димковски: Техничката Влада нема да ја закочи исплатата на субвенциите

Вести

Димковски до Трипуновски: Техничката Влада нема да ја закочи исплатата на субвенциите. Не ги злоупотребувајте земјоделците, сите кои ги исполнуваат условите добиваат субвенции, нема веќе списоци за исплати.

Сите земјоделци што ги исполниле условите добиваат субвенции, нема повеќе списоци и партиска исплата на субвенциите, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во вчерашното гостување во емисијата Анализа на Телевизијата 24. Димковски потенцираше дека за само 2,5 години се исплатија над 335 милиони евра за субвенции.

-Дополнително тука се исплатите и за мерките од ИПАРД 2 за коишто досега се исплатени 14,3 милиони евра за инвестиции и модернизирање во земјоделството. Само за споредба за целиот програмски период за ИПАРД 1 реализацијата е околу 17 отсто или исплатени од реализирани 1.091 договори исплатени се 16 милиони евра. Тука се и мерките од Програмата за рурален развој, преку која само за мерките наменети за општините исплатени се 38 милиони. Ако зборувате за селективност најдете еден случај на земјоделц кој исполнил услови а не земал субвенции“, изјави министерот Димковски.

При тоа Димковски посочи дека МЗШВ функционира според законските одредби пропишани за техничката Влада и ќе направи се да функционира непречено и да не трпат земјоделците.

Димковски потенцираше дека во овие две и пол години се зголемија субвенциите, се воведоа развојни мерки, и се направи ревизија на државното земјоделско земјиште коешто претходната власт го користеше за злоупотреба на субвенциите. Димковски потенцираше дека за две и пол години се раскинати над 600 договори и ослободени се околу 6000 хекатри земјоделско земјиште.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *