ИЗВЕСТУВАЊЕ за кандидатите кои беа пријавени до 04 октомври 2021 година за одржување на обука и полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун и СООПШТЕНИЕ за пријавување на кандидати за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун

СЕ ИЗВЕСТУВААТ кандидатите кои согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи исполнуваа услови за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун, а согласно протоколите за КОВИД 19 беа спречени да присуствуваат на обуката и испитот кој се оддржа во 2021 година, може да посетат обука која ќе се одржи на 28 февруари 2022 година, а полагањето на испитот на 01 март 2022 година во Научен Институт за тутун во Прилеп со почеток во 10 часот. Списокот на кандидатите е даден во Прилог 1.

Share
Прочитај повеќе

Известување од Општина Битола

Се известуваат граѓаните, дека во деновите 19.11 петок, 20.11 сабота и 22.11 понеделник, патот за село Трново ќе биде затворен за сообраќај, во периодот од 09.00 до 16.00 часот поради изведување на градежни активности – асфалтирање.

Share
Прочитај повеќе

Започна поднесувањето на Барање за дополнителни директни плаќања за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет 2019 година

Ве известуваме дека започна поднесувањето на Барање за дополнителни директни плаќања за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет 2019 година. РОКОТ за поднесување е до 15 ДЕКЕМВРИ 2019 година.

Share
Прочитај повеќе

Се продолжува рокот за поднесување на барања за субвенции за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко, како и за амортизирани несилки

На вчерашната владина седница се усвоија измените на Уредбата за поблиски критериуми за директни плаќања, со коишто се продолжува рокот за поднесување на барања за субвенции за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко, како и за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети.
Сточарите за овие мерки ќе можат да конкурираат до 22 ноември 2019 година.

Share
Прочитај повеќе