Се продолжува рокот за поднесување на барања за субвенции за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко, како и за амортизирани несилки

Вести Сточарство

На вчерашната владина седница се усвоија измените на Уредбата за поблиски критериуми за директни плаќања, со коишто се продолжува рокот за поднесување на барања за субвенции за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко, како и за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети.

Односно наместо до 5-ти ноемрви, сточарите за овие мерки ќе можат да конкурираат до 22 –ри ноември 2019 година.

Продолжувањето на роковите е поради тоа што во дадените рокови земјоделските стопанства не беа во можност да ги остварат своите права за финансиска поддршка по овие подмерки.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *