Еколошко сузбивање на штетници

Современите истражувања ги потврдија исклучителните својства на ова дрво, што се почесто го прави дрвото Неем клучна состојка во козметичките препарати и лековите. Неем содржи алкалоиди и лиминоиди со многу лековити својства. На пример, една од лиминоидите, азадирактин, се покажал како успешен при користењето како пестицид или инсектицид. Азадирактин е активна состојка на многу биолошки инсектициди, која делува како регулатор за растот и ја намалува плодноста на  женките од штетниците инсекти. Како што влегува во телото на инсектот, азадирактинот го блокира правилното функционирање на хормоните, што резултира со  тоа што инсектот повеќе не сака да јаде, лета, да се пари, ниту да положува јајца.

Share
Прочитај повеќе

Заштита на пиперките од трипс (Frankliniella occidentalis)

Калифорниски трипс (Frankliniella occidentalis) е мал инсект, жолто-портокалово до кафеавосмеѓа  боја. Ларвите се со посветла боја и се помали од возрасни инсекти. Полифагот е поизразен (напаѓа голем број на растителни видови), а од зеленчуковите плодови најповеќе ја напаѓа пиперката, најпрво на листовите, кои на местот на убодот не се развиваат правилно, а листот во понатамошниот рзвој, останува деформиран.

Share
Прочитај повеќе

Календар на активности за месец јули – Поледелство

Овесот потребно е да се следи заради појава на житна пијавица и по потреба да се третира со соодветни регистрирани за таа цел препарати. Кај компирот продолжува борбата против компировата златица. Во овој период започнува бербата на раните сорти компир.

Share
Прочитај повеќе