Заштита на пиперките од трипс (Frankliniella occidentalis)

Вести Совети

Калифорниски трипс (Frankliniella occidentalis) е мал инсект, жолто-портокалово до кафеавосмеѓа  боја. Ларвите се со посветла боја и се помали од возрасни инсекти. Полифагот е поизразен (напаѓа голем број на растителни видови), а од зеленчуковите плодови најповеќе ја напаѓа пиперката, најпрво на листовите, кои на местото на убодот не развиваат правилно, а листот во понатамошниот рзвој, останува деформиран.

Со појавата на првите плодови, трипсот започнува со неговата исхрана. Најповеќе ужива во штотуку никнати плодови, тие му се најдобар оброк. Со цицањето на растителните сокови на плодовите и нивниот понатамошен раст, тие стануваат деформирани и изобличени и ја губат својата пазарна вредност.

За следење на штетници во заштитен простор, се поставуваат сини и жолти лепливи плочи. Во услови кога присуството на штетници е големо, може да се постават поголем број на плочи, бидејќи тоа ќе го намали бројот на штетници. По првичното намалување на популацијата, земјоделците треба да донесат одлука, дали да користат хемиска заштита или да применат биолошка заштита.

Списокот на дозволени хемиски супстанции е достапен во Фитосанитарниот информативен систем. За биолошка заштита се применуваат инсекти од родот Orius и предаторски грини од родот Ambilyseus. Количината која што е потребна, зависи од состојбата во која што се наоѓа растението и големината на популацијата на трипсот кој е присутен во насадот. Примената е прилично едноставна. Инсектите и грините се внесуваат во пластични шишиња, а потоа преку шишињата, се нанесуваат на растенијата.

По примената, неопходен е одреден временски период за развој на инсектите и грините, односно почнат да делуваат со цел да се намали популацијата на трипсот. Ова е обично најтешкиот дел и тешко е да се убеди земјоделецот дека сè ќе биде во ред, додека тој гледа како трипсот прави штета на неговите растенија. Некои земјоделци кои се обидоа со биолошка заштита, не можеа да го издржат овој период, посегнале по хемиска заштита. Ова не е добар избор и секако дека прават голема грешка. Но изборот секогаш е на самиот земјоделец.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *