Еколошко сузбивање на штетници

Вести Совети

Дрвото Неем ( Azadirachta indica ) со векови било познато како чудотворното дрво на Индија и се користи повеќе од 2000 години како лековито растение.

Современите истражувања ги потврдија исклучителните својства на ова дрво, што се почесто го прави дрвото Неем клучна состојка во козметичките препарати и лековите. Неем содржи алкалоиди и лиминоиди со многу лековити својства. На пример, една од лиминоидите, азадирактин, се покажал како успешен при користењето како пестицид или инсектицид. Азадирактин е активна состојка на многу биолошки инсектициди, која делува како регулатор за растот и ја намалува плодноста на  женките од штетниците инсекти. Како што влегува во телото на инсектот, азадирактинот го блокира правилното функционирање на хормоните, што резултира со  тоа што инсектот повеќе не сака да јаде, лета, да се пари, ниту да положува јајца.

Популацијата на штетници полека исчезнува. Нивниот животен циклус е прекинат. Со третманот со препаратите на база на азадирактин, тој продира длабоко во листот , така што делумно систематски се транспортира. Со цицањето и гризењето, инсектите од листот ја зема активната супстанција, при што привремено престанува исхраната. Инсектите не предизвикуваат дополнителна штета. Поради посебниот начин на дејствување, успехот на третманот со препарати врз основа на оваа активна состојка, не се оценува според бројот на мртви инсекти, туку се контролира, т.е. спречува оштетувањето на листот.

Популациите од инсекти сè уште се видливи веќе некое време, но нови популации веќе не се создаваат. Препаратите засновани на азадиректин, потребно е да се применуваат во пропишани дози и количини на раствор што обезбедува целосна покриеност на третираното растение. Третманот по можност треба да се направи наутро или навечер. Најдобро дејство има кога се користи при првото појавување на штетниците, во првиот развоен стадиум, евентуално со повторување на самиот процесот после 7-10 дена. Во случај на дожд во рок од 8 часа од третманот, се препорачува повторување на постапката.

Освен азадиректинот, денес доста се користат микробиолошките препарати на база на бактеријата Bacillus thuringiensis, и тоа се користат против лепидоптерските гасеници. При хранење со третираните растителни делови, гасениците во својот дигестивен систем ги внесуваат кристалните протеини од производите, кои се активираат под дејство на алкалниот медиум на дигестивниот систем на инсектите и протеолитички ензими слични на трипсинот, кристалите се распаѓаат на ситни активни честици се врзуваат за sидовите на мембраната, ја пореметуваат осмотската рамнотежа и предизвика гастроинтестинална парализа. Овој процес се одвива многу брзо, а гасениците престануваат да се хранат по половина час до еден час после прскањето. Резултатите се видливи во рок од една недела, а додека целосниот ефект е видлив две до три недели по прскањето.

Препарати базирани на бактеријата Б.Т. имаат најдобар ефект кога се користат на гасеницата во самиот почеток на развојот.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *